Тимот на Реал Мадрид прави „чистка“ во соблекувалната летово, но истата не го зафати Дани Себањос. Напротив, тој доби нов долгорочен договор кој е важечки до 2027 година. Покрај него, тоа летово го добија и Начо Фернандез односно Тони Крос.
Од друга страна пак, во Мадрид немаше повеќе место за Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар и Маријано Диаз.
Секој момент се очекува да биде официјализиран и новиот договор на Лука Модриќ.
💪 @DaniCeballos46 💪#Ceballos2027 pic.twitter.com/a8o2qMvEFb
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 23, 2023