Искусниот играч за врска Серхио Бускетс (34 год.) кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига. По точно 18 години поминати во Барселона, односно 15 сезони во првиот тим, искусниот Бускетс се раздели со каталонскиот гигант и одлучи да оди по стапките на својот пријател Лео Меси и да се пресели на Флорида.
Шпанскиот репрезентативец потпишал договор до крајот на годината, со опција за продолжување на уште две години.
Довчерашниот капитен на Барселона кој освои 32 трофеи во кариерата од кои три пати ЛШ, имал понуди од Блискиот исток меѓу кои од Ал Наср и Ал Хилал, сепак, тој одлучил да оди во Америка. Неговиот агент Оскар Тена и генералниот директор на американскиот клуб Чави Асенси ги договориле сите услови и детали на овој трансфер.
Sergio Busquets is here #Busquets@intermiamifc0 pic.twitter.com/8qBNwWydCQ
— Inter Miami CF (@intermiamifc0) June 23, 2023