Ги одби ПСЖ, Лајпциг и Милан, а го одбра Интер

501

Францускиот репрезентативец Маркус Турам ја прифати понудата на Интер и ќе потпише договор до понеделник. Пари Сен Жермен, РБ Лајпциг и Милан го посакуваа синот на поранешниот француски фудбалер Лилијан Турам, а тој одбра да го облече дресот на „нероаѕурите“.
Турам е слободен фудбалер откако му истече договорот со Менхенгладбах, а пресудна била понудата на Интер од шест милиони по сезона.
Тој ќе биде дел од напаѓачките редови на Интер кој остана без Џеко и Кореа, а веројатно и на Ромелу Лукаку.

Претходно„УЕФА, силна пред слабите, а слаба пред силните“
СледноКлајверт ќе ја спасува кариерата во Борнмут