Првиот човек на УЕФА, Александр Чеферин одржа силен говор на отворањето на четридневниот конгрес на европските фудбалски навивачи кој се одржува во Манчестер. Истиот е со фокус на актуелните случувања на финалните мечеви од Европските наптреварувања, како Лигата на Шампионите, Европа Лигата и Конференциската лига. Како што самиот Чеферин кажа воопшто не е задоволен со организацијата на овие финални мечеви и мора УЕФА да поработи на тоа.
„Сите сме свесни дека на финалето во Истанбул организацијата на беше перфектна. Секако дека не ги минимизирам проблемите, но дозволете да продолжиме да работиме и да се подобруваме во секој аспект. Пред се тука мислам на превозот на навивачите од една точка до стадионот и обратно, како и на пристапот на секој навивач до тоалет и вода“ – рече Чеферин, а потоа го прокоментира и однесувањето на навивачите на Фиорентина и Вест Хем, учесниците на финалето во Конференциската лига.
„Мораме да го дигнеме гласот и да бараме одговори. Идиотите кои му штетат на фудбалот мора да ги снема. Тие им штетат на фудбалот и на нормалните навивачи. Да го решиме проблемот со омразата кон фудбалските работници, судиите, вработените во УЕФА, сојузите, лигите. Тоа се луѓе кои го сакаат фудбалот, но во исто време имаат и семејства и пријатели како сите нас“ – рече Чеферин.