Германскиот шампион Баерн го информирал агентот на фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен дека работат на трансфер на Хари Кејн и ова лето нема да можат да наддаваат за трансфер на Нигериецот.
Според „Скај Спорт Германија“ и новинарот Флоријан Плетенберг, Баерн Минхен го известил напаѓачот на Наполи дека нивен приоритет е трансферот на напаѓачот на Тотенхем.
Оваа недела раководството на Баерн ќе разговара за следните чекори во работата околу купувањето на Кејн. Осимен веројатно ќе продожи со преговори со останатите заинтересирани клубови, во прв ред Манчестер Јунајтед.