Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле е блиску до нов договор со англискиот тим Тотенхем, пренесува шпанскиот весник „Спорт“. 28. годишниот Французин, кој минатото лето беше позајмен од каталонскиот гигант токму во Тотенхем, начелно се договорил за тригодишен договор со клубот од Лондон. Нови разговори меѓу двата клуба се закажани неделава и треба да се договори трансферната сума. Истата не би требало да надмине десет милиони евра.