Оваа година по осми пат во Прилеп ќе се одржи меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој ќе се игра од 25. до 28. август.
На турнирот се пијавени осум екипи од кои шест од Македонија и две од странство: Прилеп, Т. Пролет, Мулти Есенс, Струга, Е. Пелистер 2 и Скопје, како и Кокс од Финска и Дубочица од Србија.
Домаќинот ги објави и групите и целиот план. Бранител на трофејот е тимот на Дубочица.