Марсеј договори играч на Атлетико

98

Олимпик Марсеј ги засили своите редови со фудбалерот Џофри Кондогбија од Атлетико Мадрид. Како што пренесуваат француските медиуми трансферот е веќе договорен се очекува во наредните два-три дена да биде комплетиран. Поранешниот француски и европски шампион ќе плати 8 милиони евра за услугите на Французинот кој ќе потпише четиригодишен договор.
30-годишниот фудбалер е роден во Франција, ја почна кариерата во Ленс, во 2012 година отиде во Севиља, па се врати во Монако, па играше за Интер, Валенсија, а од 2020 година и за Атлетико Мадрид.
Тој играше за младинските репрезентации на Франција, запиша и пет настапи за сениорската репрезентација, сите на пријателски натпревари, а потоа доби дозвола да ја смени репрезентацијата и заигра за Централна Африканска Република (11 настапи до сега).

ПретходноФиналните дуели во Конференциската лига во 2024 и 2025 година во Атина и Вроцлав!
СледноЈуниорите славеа против Црна Гора на турнирот во Гевгелија