Олимпик Марсеј е на добар пат да добие две големи засилувања во своите редови кои доаѓаат од Рома.
Според најавите, новиот тренер на „волчицата“ Жозе Мурињо е подготвен за нов голман, па Пау Лопез може да си земине и би можел да се пресели токму во Марсеј.
Вториот играч кој би се преселил во таборот на францускиот тим е Ченгиз Ундер. Тој досега беше позајмен во таборот на Лестер, а има договор доколку „волците“ сакаат да го откупат. Меѓутоа веројатно премиерлигашот ќе го врати во Рома, а римскиот тим ќе го продаде на Марсеј.
Олимпик Марсеј вчера го промовираше Жерсон за нов фудбалер.