УЕФА го направи планот: На пат до СП 2026 ќе мораме низ два филтери во квалификациите

1488

УЕФА на последниот состанок на Бордот одржан денеска најави дека ќе и препорача на ФИФА да го користи следниотв формат за квалификациите од кои 16 европски репрезентации треба да учествуваат на следното Светско првенство во 2026 година.

Патот на европските квалификации до Светското првенство ќе биде поделен во две фази: групна фаза и плеј-оф.

Групната фаза се состои од традиционалниот лигашки формат на натпревари (дома-гости) и ќе се игра во 12 групи со по 4 или 5 репрезентации меѓу март и ноември 2025 година.

Победниците од 12-те групи директно ќе се квалификуваат за Светскиот куп 2026 година. 12-те второпласирани селекции во групите ќе продолжат во плеј-оф што ќе се игра во март 2026 година со 16 селекции. Покрај 12-те второпласирани од групната фаза во овој плеј-оф ќе се најдат најдобро рангираните четири селекции победници по групите во Лигата на нации на УЕФА 2024/25 кои не ја завршиле групната фаза од европските квалификации на прво или второ место.

Натпреварите од плеј-офот ќе се играат во полуфиналиња во еден натпревар, проследени со финалиња. 16-те репрезентации кои ќе влезат во плеј-офот ќе бидат подредени во четири плеј-оф патеки со по четири екипи.

ПретходноИ Работнички почна со подготовки за новата сезона
СледноЛефкоски и следната сезона во дресот на Гостивар