Кошаркарскиот прволигаш Гостивар вечерва потврди дека капитенот на тимот, Војче Лефкоски и следната сезона ќе го носи дресот на гостиварскиот тим. Според објавата на социјалните мрежи, двете страни постигнале договор за продолжување на соработката.
Лефкоски минатата сезона во „сино-белиот“ дрес на Гостивар одигра 21 меч со просек од 2,3 поени и 1,7 скока по натпревар.