Порзингис и Бертанс ќе играат за Летонија на Мундобаскетот

169

Најголемата ѕвезда на летонската кошарка, Кристапс Порзингис ќе биде дел од селекцијата на Летонија за Светското првенство 2023 година. Порзингис се најде на листата на кошаркари кои ќе се подготвуваат за првиот настап на Летонија на едно големо натпреварување по Евробаскетот 2017 година.

На списокот на селекторот на Летонија се најдоа вкупно 24 играчи меѓу кои и кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Дејвис Бертанс, центарот на Жалгирис, Роландс Смитс, како и Артур Куруч од Басконија и Јанис Стрелниекс од грчки АЕК.

Летонија на СП 2023 е во група со Франција, Канада и Либан.

ПретходноИма договор: Рајс за рекордни 105 милиони фунти ќе се пресели во Арсенал!
СледноРамос сака да се врати во Севиља, но навивачите не го сакаат назад