Фудбалскиот клуб Интер од Мајами потврди дека го ангажирал Херардо Тата Мартино за нов тренер.
Мартино повторно ќе соработува со Лионел Меси, кого веќе го тренираше во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.
Аргентинскиот тренер на клупата на Мајами го замени Фил Невил, кој доби отказ пред четири недели.
Мартино веќе работеше во МЛС лигата додека ја водеше Атланта Јунајтед и во сезоната 2018 беше избран за тренер на годината.
Entrevista exclusiva con nuestro nuevo DT, Tata Martino 👋 🎥 pic.twitter.com/NFXX8uaOqf
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) June 28, 2023