Поранешниот македонски селектор доби нов тригодишен договор!

401

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ и во следните три години ќе остане на кормилото на Хапоел од Ерусалим.

Минатата сезона српскиот стручњак го предводеше тимот до освојување на националниот куп и финалето на Лигата на шампионите.

„Се договоривме во што веруваме, кои се нашите цели и разбирање на важноста на процесот и патот по кој одиме. Јас сум посветен на сето тоа“, изјави поранешниот македонски селектор.

Џикиќ тренерската кариера ја започна во Беовук, а потоа беше асистент во Партизан и Минесота. Независно ги водеше Олимпија, Литвос Ритас, Крка, Партизан, Будуќност, Естудијантес и Хапоел.

Тој ја предводеше и селекцијата на Македонија во 2014 година.

ПретходноСаудијците со смешна понуда за Барди, Трабзон веднаш ја одбиле!
СледноСкандал во српската кошарка: Играчи местеле натпревари, ФИБА почна со истрага!