Кевин Дурент го враќа играчот на Монако во Феникс?

256

Еден од најдобрите играчи во Евролигата Мајк Џејмс би можел да ја продолжи кариерата во НБА.

Според медиумите во САД, Феникс Санс во плејмејкерот на Монако гледаат како потенцијално засилување за следната сезона.

Џејмс има уште една година од договорот со тимот предоводен од Саша Обрадовиќ, но лесно може да се врати во Феникс за кој веќе настапуваше во 2017 година.

Посредник во доведувањето на 32-годишниот Џејмс е неговиот пријател и прва ѕвезда на Санс, Кевин Дурент, кој изминатите два пати доаѓаше во Монако за да му даде поддршка на својот поранешен соиграч од Бруклин Нетс.

Американецот зад себе има одлична сезона во Евролигата. Токму Џејмс беше еден од најзаслужните за тоа што Монако стигна до Фајнл-форот за прв пат во историјата, а во просек постигнуваше скоро 16 поени по натпревар.

ПретходноПаредес пред трансфер во Лацио
СледноМарио Станковски е нов напаѓач на Тиквеш