Францускиот фудбалер Нголо Канте стана сопственик на белгискиот фудбалски клуб Ројал Ексцелзиор Виртон. Белгискиот третолигаш зделката ја соопшти под наслов: Мал град, големи соништа“ и понатаму вели:
„Предводен од својата страст кон фудбалот, Канте има цел да продолжи со консолидација на клубот и оживување на традицијата на РЕ Виртон“.
Канте пред неколку денови потпиша тригодишен договор со шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад по шест години поминати во Челзи. Канте во Ал Итихад би требало да заработи 100 милиони долари за времетраење на договорот.