Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да се натпреварува на престојните Летни Олимписки игри во Токио.
Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио.
Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.