Ѕвездата на Челзи во последен момент ги „откачи“ Саудијците, дознал колку плата земаат другите играчи!

3828

30-годишниот крилен напаѓач на Челзи и на мароканската репрезентација Хаким Зијеш требаше да стане нов играч на Ал Наср. Саудијците договорија отштета со Челзи, но пред да ги мине лекарските прегледи тој ги шокираше Саудијците.

Тој им испратил порака дека не е задоволен од платата и дека нема да потпише доколку не му понудат повеќе пари. Според последните информации, Ал Наср му нудел меѓу 12 и 13 милиони евра годишно.

Тамошните медиуми пишуваат дека сфатил дека му е премалку кога видел колку добиваат другите играчи кои доаѓаат во Саудиска Арабија, па токму затоа се предомислил, дали ќе се промени нешто околку овој трансфер останува да видиме.

ПретходноЛегендарниот Петровиќ предизвика страшна собраќајна несреќа – возел во спротивен правец (ВИДЕО)
СледноФокусот кон вработените на прво место – Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени!