Женската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз го отвори Европското првенство во Б дивизијата, чиј домаќин е Софија. Избраничките на Јелена Антиќ во првото коло беа поразени од Холандија со 66-43.
Македонските кошаркари на полувреме имаа негатива од седум поени (26:19), но противничките предноста ја направија во третата четвртина, ја добија со 18-7. Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени. Модева реализираше осум поени, седум имаше Николиќ, а по пет Милованова и Начевска. На вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Софија Македонија е слободна. По ден пауза, na 2. јули, од 19.30 часот, следува дуелот со селекцијата на Исланд.