Рекордери во Лига Европа, а должат 90 милиони евра, мора да продаваат!

200

Изминатата сезона Севиља ја тргна лошо, во еден момент се најде во ситуација да се бори за опстанок, а на крајот заврши со освојување на Лига Европа и обезбеди уште едно учество во Лигата на шампионите. Меѓутоа, ситуацијата не е баш сјајна во редовите на рекордерот по трофеи во Лига Европа и ова лето може да биде турбулентно.

Првиот човек на клубот Пепе Кастро го известил спортскиот сектор дека клубот моментално должи 90 милиони евра и дека поради тоа мора да продаваат играчи. Поради таа очајна сезона неодамна си замина спортскиот директор Мончи и отиде во Астон Вила.
Севиља до пред корона кризата „произведуваше“ млади фудбалери кои ги продаваше за високи суми и така живееше. Но потоа даваше милионски суми на засилувања, а малку заработуваше. Па така минусот од сезона во сезона се зголемувал и достигнал 90 милиони евра.

Па не е можно волкав долг да се покрие само со продажба на двајца или тројца играчи. Ќе мора да продаде некои од главните играчи, Ен Несири, Боно и Окампос се најбарани но дали тие заедно ќе можат да внесат во касата 90 милиони.

Новиот спортски директор Виктор Орта ќе има сериозна задача да го намали долгот и што е можно побрзо да го доведе до нула, притоа Севиља да има конкурентен тим за наредните сезони.

ПретходноВерстапен на пол-позицијата на ГП на Австрија
СледноВардар ги почна подготовките во својот дом (ФОТОГАЛЕРИЈА)