Ливерпул е многу блиску до потпишување на договор со играчот од средниот ред на Лајпциг, Доминик Собослаи, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Германскиот клуб е информиран дека „црвените“ ќе ја активираат ослободителната клаузула од договорот на 22-годишниот Унгарец, со кого веќе се договорени условите за личниот договор. Истата ќе изнесува околу 70 милиони евра.
Во сезоната 2022/23, Собослаи настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и 13 асистенции.