Маркус Турам и официјално во Интер

120

Францускиот интернационалец Маркус Турам од денеска и официјално е член на тимот на Интер. Играчот доаѓа како слободен фудбалер откако му истече актуелниот договор со тимот на Борусија Менхенгладбах. Со Интер потпиша договор до 2028 година.

Ова е за Турам четврти клуб во кариерата откако веќе како тинејџер беше дел од Сошо односно Генгамп. За него летово беа заинтересирани и ПСЖ односно Милан, но тој на крај се реши за Интер.

Секако, добро познат факт е дека тој е син на легендарниот капитен на Франција, Лилиам Турам.

 

ПретходноЛокомотива го претстави Фета Фетаи
СледноШкендија го откачи Бугарот Милев