Легендарниот играч за врска на Лацио , Винченцо Д’Амико почина вчера на 68.годишна возраст во римската болница „Агостино Гемели“, објавија италијанските медиуми. На почетокот на мај поранешниот фудбалер објави дека водел двегодишна битка со ракот.
Д’Амико беше меѓу најважните фигури за „орлите“ во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, забележувајќи 336 настапи со 49 гола за 16 сезони минати со клубот. Врв во неговата кариера беше шампионската титула на Италија со Римјаните во сезоната 1973/74. Ги бранеше и боите на Торино и Тернана.