Женската младинска репрезентација на Македонија загуби и на третиот натпревар на „Трофеј Карпати“ во Питешки со 30:29 од Србија и тоа откако прими гол во последната секунда. Младинките имаа негатива од 25:21 но успеаја да стигнат до реми 25:25 во финишот беше и 29:29 но Србинките со гол во финишот ја обезбедија победата.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Јанкуловска со седум, Младеновска со шест и Стефаноска со пет погодоци, додека голманката Кирова имаше пет интервенции.