ОФИЦИЈАЛНО: Собослаи го засили Ливерпул, го зема бројот на легендарниот Стиви Џи

139

Ливерпул го претстави второто летно засилување по Алексис Мекалистер. Нов играч на „Црвените“ е унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи кој дојде од РБ Лајпциг за 60 милиони фунти колку што изнесуваше ослободителната клаузула во договорот. Унгарецот потшиша договор до летото 2028 година.
„Ливерпул е клуб со богата историја. Има добри играчи и добар тренер. Фановите, стадионот се е на многу високо ниво“, изјави Собослаи кој ќе го носи дресот со број 8 кој во последните пет сезони го носеше Наби Кеита, а претходно беше во сопственост на легендарниот Стиви Џи.
Собослаи запиша 20 гола и имаше 22 асистенции во 91 меч за РБ Лајпциг во сите натпреварувања.

ПретходноВерстапен со триумф на Ред Бул Ринг и петта победа во ред во Ф1
СледноПобеда го претстави новиот тренер Филип Мирчевски