Бешикташ го бара Кутињо на позајмица, но не сака да плаќа повеќе од 40% од неговата плата

229

Филипе Кутињо е на пат да се пресели во Бешикташ на позајмица во текот на следната сезона. Според извори блиски до фудбалерот, во моментов Бешикташ и Астон Вила преговараат за можната позајмица на Бразилецот.

Турскиот клуб сакада го добие Кутињо со опција за откуп од Астон Вила за 8 милиони евра. Во исто време, според турскиот весник „Милиет“, Бешикташ е подготвен да плати само 40 отсто од платата на играчот што моментно е голем пробле за да се затвори трансакцијата.

Филипе Кутињо се пресели во Астон Вила од Барселона во 2022 година за 20 милиони евра.

ПретходноФ1 ќе се вози во Австрија најмалку до 2030 година
СледноИвановски падна четири места на АТП листата, Ѓорческа две места подолу на ВТА листата