Јуниорките поразени и од Исланд на Б-ЕП во Софија

87

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе и втор пораз  на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки до 18 години.

Вечерва во меч од 2. коло во групата А на шампионатот во Софија, нашите кошаркарки беа поразени од Исланд со 77:59. Исланд го доби мечот во првите три четвртини во кои беше комплетно подобар тим на теренот. Ние со подобра игра во последните 10 минути само го ублаживме и онака високиот пораз.

Николиќ со 14 и Николов со 12 поени беа најдобри во нашата селекција на денешниот меч.

ПретходноМеси со најмногу МВП награди на мечевите во последните 10 сезони
СледноГерманија е светски младински првак во ракомет!