Кирјос и официјално се повлече од Вимблдон

145

Ник Кирјос нема да игра на Вимблдон оваа година. Австралиецот, кој минатата сезона загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето, реши да се повлече од настап на третиот Грен Слем.

Австралиецот во последните месеци имаше проблеми со повреда на скочниот зглоб. Тој беше опериран во јануари, но оттогаш се појави само на турнирот во Штутгарт.

Во меѓувреме се откажа од некои подготвителни турнири, за да си даде време да се опорави, но очигледно не беше доволно. Кирјос требаше да игра против Белгиецот Давид Гофан во стартното коло.

ПретходноТргнува новото Грен Слем лудило: Старт на Вимблдон, Ѓоковиќ и Швјонтек денеска на терен
СледноМилан понуди 14, Челзи бара најмалку 20 милиони евра за Пулишиќ