Тргнува новото Грен Слем лудило: Старт на Вимблдон, Ѓоковиќ и Швјонтек денеска на терен

315

Вкупно 256 тенисери и тенисерки во сингл денеска го започнуваат третиот годинешен Грен Слем турнир, суперпопуларниот Вимблдон. Оваа година ждрепката сакаше уште во премиерното коло да добиеме интересни двојки кои сигурно ќе го привлечат интересот на вистинските љубители на тенисот.

Во машка конкуренција вториот фаворит Новак Ѓоковиќ денеска на првиот ден од натпреварите го има својот прв натпревар. Ѓоковиќ ја започнува битката за осмата титула на терените во Лондон (со што ќе го израмни рекордот на Роџер Федерер) со дуел против Педро Качин од Аргентина. Во машка конкуренција еден од најинтересните денешни дуели е мечот меѓу Јаник Ханфман од Германија и Тејлор Фриц од САД. Германецот веќе некое време покажува дека е одличен играч, а го победи и Циципас во Хале пред само неколку дена.

Светскиот рекет број еден кај дамите, Ига Швјонтек ја започнува својата потрага по првата титула на Вимблдон денеска со дуел против Кинеската Жу Лин, која победи само на еден натпревар во сингл во четири настапи на Вимблдон.

Една од ветеранките на светскиот тенис, Американката Венус Вилијамс денеска во првото коло во женска конкуренција ќе го има големиот предизвик да се соочи со Јелина Свитолина. Американката која има 43 години и која е петкратната шампионка на Вимблдон не се откажува од идејата да стане и највозрасната тенисерка која некогаш играла на најголемите турнири. Таа денеска ќе се обиде да го направи првото изненадување и да се пробие во второто коло.

Кај дамите денеска интересен ќе биде и дуелот на Американките Коко Гауф и Софија Кенин, тенисерки кои сериозно може да стигнат далеку на Вимблдон.

Програмата на стартниот ден на Вимблдон почнува на пладне.

ПретходноАрапите не застануваат: Ал Хилал му нуди 600 милиони евра на Нејмар!
СледноКирјос и официјално се повлече од Вимблдон