За билет за Вимблдон се кампува пред билетара: На „црно“ финалето чини 10.000 фунти!

229

Најголемите фанови на тенисот овој викенд формираа огромна редица за да купат билети за стартот на третиот Грен Слем турнир, престижниот Вимблдон.

Многумина очајнички сакаат да ги добијат скапите билети и за да стигнат до нив кампуваат пред комплексот.

Кампувањето се прави во шатори, но оние кои ги немаат си носат кабаници и чадори, бидејќи во текот на ноќта имаше и врнежи.

Кога станува збор за цената на каратите, островските медиуми пишуваат дека оние за финалето во двете конкуренции веќе се препродаваат на „црниот пазар“. Според последните вести билет за машкото финале „под рака“ може да се купи за 10.000 фунти.

ПретходноМишов од Тиквеш е нов „шпиц“ на грузиска Самтредиа
СледноДефанзивецот Костов е ново засилување за Пелистер