Ла Лига: Полицијата доби овластување да прекинува натпревари ако има расистички навреди

128

Властите во Шпанија најавија дека полицијата ќе има овластување да прекинува фудбалски и спортски натпревари на кои ќе има изразити форми на расизам. „Случајот Винисиус“, односно расистичките навреди кои ги доби Бразилецот на натпреварот против Валенсија на „Местаља“ на крајот на мај предизвикаа реакција од сите нивоа во Шпанија за да се спречат вакви срамни сцени во иднина.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека Министерството за внатрешни работи подготвило упатство што ја зајакнува улогата на полициските службеницина натпреварите, каде тие отсега ќе имаат овластување во случај да се случат вакви настани да бараат од судијата моментално или трајно прекинување на натпреварот.

ПретходноСлаб настап на потенцијалните олимпијци: Македонија од Европските Игри 2023 се врати со еден освоен медал
СледноДве години не е на „Камп Ноу“, но Барса се уште му исплаќа плати