Покрај Колин Андерсон, напаѓачот и репрезентативецот на Јамајка кој денеска беше промовиран како нов член на Брегалница, како што и „Спортмедиа“ најави, во Штип доаѓа уште еден репрезентативец на Јамајка. И тоа фудбалер за врска со славно име Роналдо а презимето му е Вебстер.
Станува збор за млад играч, има само 21 година и е класичен играч за врска со офанзивни карактерестики. Тој му бил соиграч на Андерсон, играле заедно во тимот Кавалиерс во Јамајка и сега заедно ќе играат во Брегалница.
Роналдо има еден настап за најдобрата селекција на Јамајка.