Цуцули оди во фудбалска пензија! Шкендија: Ти благодариме Ардијан…

390

 

Ардијан Цуцули на 35 одлучи дека е доста со професионалното играње фудбал. Некогашниот репрезентативец на Македонија, еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ во последните 15 години,  досегашен фудбалер на Шкендија одлучи да замине во фудбалска пензија.

Кичевчанецот кој со Шкендија освои две шампионски титули, два купа и еден суперкуп, засекогаш ќе биде запишан во клупската историја како стрелец на првиот гол за Шкендија во европските купови. И тоа против Портадаун во таа 2012 година.

“Чудно е  чувството, не знам дали ќе можам да го објаснам. Од друга страна сум среќен и горд што играв фудбал, што бев дел од мојот сакан клуб Шкендија. Овој клуб засекогаш ќе биде дел од мене.Благодарам до сите во клубот, посебно до сопствениците што ете ми овозможија мојата последна фудбалска сезона да бидам дел од мојот сакан клуб. Единствено сум тажен што минатата сезона не освоивме барем еден трофеј. Им благодарам на сите во Шкендија, му благодарам на градот Тетово а посебно благодарам до „Балистите“. Секогаш ќе бидам најголем фан на Шкендија“ истакна Цуцули.

Секако и Шкендија во манир на голем клуб не заборави јавно да му се заблагодари на Ардијан Цуцули за сеона што тој направи за еден од нашите најголеми и најтрофејни клубови.

ПретходноБугарија со „убиствена“ серија им нанесе нов пораз на македонските кадети!
СледноЛапорта не крие дека постои криза: Не може во кошарката да има толку големи плати!