Венус Вилијамс доби посебна покана од организаторот и 24. пат во кариерата заигра на Вимблдон и покрај тоа што веќе има 44 години. Но го заврши настапот уште на стартот. Петратната шампионка доживеа пораз од Елина Свитолина со 4:6 и 3:6.
Легендарната Американка прва направи брејк и поведе со 2:0, но Украинката го сврте резултатот на 4:2 и ја сочува предноста до крајот на првиот сет.
Во вториот сет Свитолина поведе со 5:1, Венус врати еден брејк меѓутоа не можеше ништо повеќе.
Свитолина во 2.коло ќе игра против белгиската тенисерка Елиз Мертенс која беше подобра од чешката квалификантка Викторија Хрунчакова со 7:6 и 6:2.
Фаворитките успешно го поминаа првото коло, па така Швјонтек, Азаренка, Вондрусова, Касаткина, Бенчич, Ванг ќе ги гледаме во следната рунда.