На денешен ден пред 25 години постигнат е еден од најспектакуларните голови на Мундијалите! (ВИДЕО)

277

Секако дека не може да се рамни со оние два гола на Марадона на СП во Мексико 1986 против Англија, од кој едниот беше со рака, но сите вистински фудбалска фанатици посочуваат дека голот а Денис Бергкамп на денешен ден на СП во Франција 1998 година и тоа во 1/4 финалето на мечот Холандија – Аргентина е еден од најубавите во историјата на Мундијалите.

Да се потсетиме дека се играше во Марсеј, тоа беше 90.минута, резултатот беше 1:1, а тогаш Бергкамп прво ја прими топката со десната нога, потоа малку си ја намести за да исто со десната нога го гаѓаше и погоди спротивниот агол на Аргентинците за победа од 2:1.

Фудбалска фантазија беше тоа…

ПретходноМонако има нов тренер: Адолф Хитер и официјално!
СледноМитревски не е веќе спортски директор на Е. Пелистер!