Бранислав Ангеловски е нов спортски директор на Е. Пелистер! (ФОТО)

229

Откако Димитар Митревски се повлече, РК Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски. Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).

No description available.

 

Инаку Ангеловски досега беше во тимот на Мулти Есенс.

ПретходноМитревски не е веќе спортски директор на Е. Пелистер!
СледноШампионот утре во Охрид против Тирана ќе ја има “генералката“ за настапот во квалификациите во ЛШ!