У17: Утре против Молдавија за бекство од дното на БП

64

Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години загуби во првиот меч од разигрувањето за пласлан од 5. до 8. место на Балканското првенство во Србија.

По трите порази во групната фаза, избраничките на селекторот Митев денеска беа поразени од Романија со 3:0 (25:23, 25:11, 25:10) и со тоа ќе мора да играат за пласман на 7. место во конечното рангирање.

Во битката за бекство од дното на табелата, нашите млади одбојкарки утре од 10.30 часот се среќаваат со селекцијата на Молдавија, која како и нашата селекција досега е без победа, со таа разлика што ние имаме освоено барем еден сет (оној против Црна Гора во 3. коло од групната фаза).

ПретходноЈуниорките убедливо поразени и од Хрватска
СледноИван Марковски е нов тренер на Мулти Есенс