Првиот човек на бразилскиот фудбал потврди: Анчелоти го презема Бразил по Копа Америка 2024

144

Карло Анчелоти ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил по Копа Америка во 2024 година. Ова го соопшти претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез.

Тренерот на Реал Мадрид се уште нема договор со Бразилската конфедерација, но Родригез тврди дека веќе е постигнат вербален договор со Италијанецот при неговото неодамнешно гостување во Шпанија.

Договорот на Анчелоти со мадридскиот клуб е до јуни 2024 година и нема да биде обновен.

Додeка Анчелоти стигне на клупата на Бразил, репрезентацијата ќе ја води Фернандо Диниз. 49-годишниот Диниз доаѓа од екипата на Флуминензе, каде ќе остане на клупата и паралелно ќе работи и како селектор на „кариоките“.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Фирмино потпиша за Ал Ахли кај Алиоски
СледноУште едно признание: Куртоа е најдобар голман