Голманот на Реал (М) и на белгиската фудбалска репрезентација, Тибо Куртоа е прогласен за голман на сезоната во изборот на телевизиската мрежа ЕСПН.
ЕСПН состави рангирање на најдобрите играчи во моментот по категории, па на листата на најдобри чувари на мрежите на врвот се најде голманот на „кралскиот клуб“.
На второто место на оваа листа се најде голманот на Барсечлона, тер Штеген, додека на третото место е голманот на Ливерпул, Алисон Бекер.
Меѓу петте најдобри голмани оваа сезона според ЕСПН се и Мајк Мањан од Милан и Јан Облак од Атлетико (М).