Ал Ахли доцна синоќа го објави трансферот на Роберто Фирмино. Бразилецот кој летово си замина од Ливерпул, е уште еден во низата играчи од големите европски клубови кои кариерата ја продолжува на Блискиот Исток.
31-годишниот Бразилец потпишал договор со Ал Ахли до 2026 година.
Во тимот од Џеда, Фирмино доаѓа како второ големо летно засилување по голманот на Челзи, Едуард Менди кој беше купен за 16 милиони фунти.
Со оглед на тоа што летово и нашиот Алиоски се врати во Ал Ахли по завршувањето на позајмицата во Фенербахче, тој сега за соиграч ќе го има бразилскиот ас.