ОФИЦИЈАЛНО: Барселона потпиша со Ињиго Мартинез

402

Барселона го официјализираше трансферот на Ињиго Мартинез. 32-годишниот баскиски дефанзивец беше поврзуван со каталонскиот клуб од поодамна, но денеска трансферот е официјализиран и тој ќе биде фудбалер на Барса до јуни 2025 година.

Неговата клаузула за предвремено заминување ќе биде 400 милиони евра. Мартинез пристигнува во Барселона како слободен играч бидејќи оваа сезона ги заврши настапите за Атлетик (Б).

Чави ја зајакнува својата одбрана, по заминувањето на Пике во пензија, како и по неуспехот да се задржи Алба уште една сезона.

ПретходноМладите одбојкари до 17 години денеска против Албанија на стартот на БП
СледноУЕФА ја одби жалбата: Осасуна ќе бара правда пред Судот во Лозана