Го внесе Вардар со своите голови во ПМФЛ и направи трансфер во Пелистер, во тимот кој и во следната сезона ќе игра во Втора лига.Секако дека тоа е Дарко Размоски, кој од денеска и официјално е ново име во редовите на битолчани. Без сомнение Пелистер доби големо засилување во своите редови и тоа од Вардар.
Размоски всушност се врати во Пелистер каде играше во минатото, е бил некогашен член и на Брегалница, Беласица, Воска, Охрид.
“Чест ми е што одново сум дел од ФК Пелистер. Моите амбиции и амбициите на клубот се прволигашки и ќе дадам се од себе тие да се остварат“ изјави Размоски.