И Атлетико Мадрид активно работи на засилувањата за новата сезона во шпанската Ла Лига како и за настапите во ЛШ. Веќе го потврди трансферот на Хави Галан од Селта Виго, а нови играчи на „јорганџиите“ се турскиот репрезентативец Чаглар Сојунџу и Сезар Аспиликуета. И двајцата доагаат како слободни фудбалери на „Метрополитано“.
Турскиот фудбалер играше за Лестер минатата сезона, но ова лето си замина, па со Атлетико потпиша четиригодишен договор.
Денеска се очекува да потпише и капитенот на Челзи, Сезар Аспиликуета. Искусниот фудбалер го напушта „Стемфорд Бриџ“ со 508 натпревари и девет титули од кои две во Премиер лигата и Лига Европа и една во ЛШ.
Инаку, Аспиликуета е дете на Осасуна, а од 2010 до 2012 година играше за Марсеј од каде направи трансфер во Челзи.
Атлетико вечерва ќе комплетира уште еден трансфер. Се работи за млад уругвајски бек Сантијаго Мурињо кој доаѓа од тимот на Расинг Монтевидео. Тој има 21 година, а како младинец играл за популарниот Национал од Монтевидео.
Here’s Atlético Madrid new Uruguayan 2002-born centre back Santi Mouriño on his way to Spain to complete the move ✈️⚪️🔴🇪🇸🇺🇾 #Atléti
Agreement already signed between the two club, while Santiago is travelling with his agents Mathias Jorge and Germán Dominguez. pic.twitter.com/pPuNQCdn9b
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2023