Раководството на турски Фенербахче е незадоволно од главниот тренер на тимот Игор Кокошков и најверојатно ќе ја заврши работата со него на крајот на сезоната.
Според информациите на грчкиот новинар Георге Закас, односите меѓу двете страни се напнати.
„Односите меѓу Фенербахче и Игор Кокошков се напнати. Некои клупски лидери се разочарани од српскиот тренер. Позитивниот тест на Кокошков на КОВИД-19 пред третиот натпревар против ЦСКА дефинитивно стана проблем“, пишува Закас.
Фенербахче загуби од ЦСКА во четвртфиналето на Евролигата и предвреме се прости со завршницата на најсилното клупско натпреварување во Европа.