ПСЖ со нов ултиматум за Мбапе: 31 јули краен рок да потпише нов договор или ќе биде продаден!

801

Килијан Мбапе има помалку од еден месец да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Според англиски „Скај Спортс“ раководството на ПСЖ отворено му порачало на напаѓачот до 31 јули да одлучи што ќе прави понатаму. Доколку пред почетокот на август не го продолжи договорот со парижани барем до 2025 година, тој ќе биде продаден.

Парижаните во овој случај пред затворањето на летниот преоден ќе одат на варијантата да ги разгледаат сите понуди, па кој ќе понуди најмногу тој уште летово ќе може да го добие Мбапе. 

Претходно новинарот Еду Агире, повикувајќи се на извори блиски до Мбапе и ПСЖ, откри дека ПСЖ добил понуда за трансфер од Ливерпул која се движи во висина од 200 милиони евра.

ПретходноДи Марцио: Перишиќ раскинува со Тотенхем и ќе се врати во Хајдук
СледноНа 26 август битка за светските титули во тешка категорија: Усик vs. Дубоа