Колумбиоецот со македонски пасош, Себастиан Херера е нов играч на тимот на Борац Бања Лука. Откако ја заврши епизодата во кипарскиот тим Докса, Херера се сели во Босна и започнува нова авантура од неговата кариера.
По петгодишиот перстој во Работнички, тој замина за Унгарија, каде што играше за МТК. Следуваше враќањето во Македонија, и дресот на Брегалница, за потоа да се пресели на Кипар.
Борац е амбициозен клуб, кој во Херера гледа озвежување за бековската позиција.










