Како што пренесува “Марка“, Ал – Ахли, еден од најбогатите и најголеми клубови во С. Арабија има намера да го ангажира Диего Симеоне. Иако пребогатите Арапи знаат дека Аргентинецот е најплатениот стратег во светот на фудбалот, Атлетико Мадрид го плаќа по 30 милиони евра по сезона, секако дека тоа не им пречи.
Тие имаат намера да му понудат нешто што не се одбива, а тоа е трипати поголема плата од тоа што зема во Мадрид.
Останува сега само уште Диего да каже – ДА, и секако да се ослободи од договорот со кој е “врзан“ со А. Мадрид до јуни следната година па да ете му биде тренер на нашиот Џани Алиоски, кој по епизодата во Фенербахче, сега одново е член на Ал – Ахли.
Инаку овој тим од С. Арабија деновиве се засили со Роберто Фирмињо и Едуард Менди, а се шпекулира дека пред потис се и Ријад Марез, Садио Мане и Алваро Мората.










