Брера Струмица си закажа пријателски со Стеауа, Теута, Алтин Асир…

884

Како што информираат од страна на Брера Струмица или по старо А. Пандев, од понеделник играчите и стручниот штаб на овој клуб, се селат во Банско (Бугарија) каде што ќе ја одработат втората фаза од подготивките се до 22 јули.

Покрај вообичаените тренинзи, момците на стратегот Валенти ќе одиграат и четири пријателски средби.

Ривали се екипите на Стеауа Букурешт -Романија (12 јули), потоа Теута -Албанија (17 јули), потоа со репрезентативниот состав на Киргистан (21 јули), а престојот во Банско ќе заврши со контролен меч против Алтин Асир – Туркменистан (22 јули).

ПретходноОфицијално: Џирона се пофали со Дејли Блинд! (ФОТО)
СледноИ Симеоне се сели во С. Арабија, ќе му биде тренер на Џани Алиоски во Ал-Ахли?!