Десетти автогол на европското првенство, Шпанија води против Швајцарија (видео)

436

Уште еден автогол на Европското првенство со што е соборен апсолутниот рекорд по автоголови на еден шампионат. Стрелец на автоголот број 10 е швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија кој на мечот со Шпанија во четвртфиналето го менува Гранит Џака. А на претходните 15 ЕП заедно имало 9 автоголови. Оваа година тоа се случува често на терените.
Жорди Алба шутна од далечина, Закарија ја удри топката со ногата и таа го смени правецот и заврши во мрежата на Зомер. Шпанија на полувреме води со 1:0.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноПелистер со унгарски репрезентативец на голот
СледноЃоковиќ по планот на Вимблдон – експресно го „суреди“ Кудла