ЕП У-21: Англија е европски првак и тоа без примен гол на цело првенство!

187

Невидена доминација на младата селекција на Англија. Англичаните денеска во Батуми (Грузија), во финалето на ЕП за играчи до 21.година успеаја да слават над Шпанија со 1:0 и со тоа да дојдат до титулата. Стрелец на голот беше Џонс во 45+4.минута, но него топката го удри откако Палмер изведе слободен удар.

Велиме доминација зошто Англија стана европски првак без да прими гол во текот на цело првенство, што секако дека е за Рипли, вистински раритет.

Да кажеме дека Шпанија преку Руиз во 51.минута постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд.

До крајот “Фуријата“ настојуваше да израмни, а Англија преку Џонс можеше да го удвои водството. Во 84.минута Вега имаше супер шанса за израмнување, но шутираше над голот, претходно Рикелме и Руиз имаа големи шанси.

А во 99.минута Шпанија преку Руиз не реализираше пенал, и тоа беше тоа.

Англија е европски првак и тоа по цели 39 години.

ПретходноСтанковски погоди во ремито на Тиквеш против Дубочица
СледноЕП У-20 Б – дивизија: Браво момци Македонци, младинците ја „збришаа“ Словачка!